Кетрин Зета Џонс сподели фотографија од синот и ќерката, погледнете како изгледаат

Instagram

Холивудската глумица Кетрин Зета Џонс на социјалните мрежи ретко објавува семејни фотографии, а сега направи исклучок и сподели фотографија од нејзините деца – синот Дилан и ќерката Карис, кои јавноста досега немаше можност често да ги гледа.

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас со нивниот син Дилан во парк во западен Лос Анџелес, 24.6.2002/Profimedia

Ќерката на Кетрин има 17 години, а Дилан неодамна наполни 20. Глумицата покрај фотографијата напиша.

Кетрин со ќерката Керис во хотел во Беверли Хилс, 14.7.2005 / Profimedia

„Летото официјално заврши во нашето семејство. Денес и нашите млади му се враќаат на учењето. На различни начини, без преседан. Ве сакам двајцата… И порака за сите деца. Знаењето е клуч на животот. Значи, борете се, и ова ќе помине.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот