Кети Пери и Орландо Блум ја одложија венчавката поради коронавирусот

Пејачката Кети Пери (35) и нејзиниот партнер, актерот Орландо Блум (43) наводно одлучиле да ја откажат својата венчавка поради страв од коронавирусот, пишува магазинот „Пипл“.

Среќниот пар ја организирал венчавката и речиси сè било подготвено да се изговори судбоносното „ДА“, но поради моменталната ситуација и паника во светот поради коронавирусот, тие одлучиле да ја одложат венчавката додека не е сè побезбедно.

„Сè беше подготвено, 150 гости беа повикани во Јапонија за венчавката. Кети беше навистина возбудена поради сè тоа, особено кога дозна дека е бремена, но сега сè е откажано за некое посоодветно време“, тврди извор близок на парот.

View this post on Instagram

My babies blooming ❤️

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom) on

Пејачката и актерот се потиштени поради откажувањето на церемонијата, но се сигурни дека донеле правилна одлука.

„Беа пресреќни што конечно ги договорија сите детали за својата совршена венчавка, а потоа им се случи ова. Тажни се, но направија правилен потег и сфатија дека ќе има друга прилика“, рекол изворот за магазинот „Пипл“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот