Ќерката на Стивен Спилберг уапсена поради семејно насилство!

Instagram

Една недела откако објави дека почнува да работи во индустријата за возрасни, Микаела Спилберг, ќерката на познатиот режисер Стивен Спилберг е упасена за семејно насилство, јавува Фокс Њуз. Микаела (23) била упасена во саботата во Нешвил, а тоа го потврдил вчера нејзиниот вереник Чак Панкоу.

„Вистина е“, изјавил Панкоу за Фокс њуз и додал дека инциденот бил „недоразбирање“.

47-годишниот вереник на Микаела не открил кој сè бил вмешан во инцидентот, но потврдил дека ќерката на режисерот не е повредена.

Микаела била задржана 12 часа во притвор, а одредена е кауција од 1.000 долари. Меѓутоа, медиумите пишуваат дека иако кауцијата била дадена, Микаела сè уште се наоѓа во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот