Ќерката на скандалозната принцеза Стефани од Монако, ужива во Портофино (ФОТО)

Profimedia

Најстарата ќерка на принцезата Стефани од Монако, Пaулин Дукруе (26) ужива на јахта со пријателките во италијанското одморалиште Портофино.

Паулин привлекуваше внимание во минијатурно розево бикини додека се забавуваше скокајќи во морето од помал чамец додека нејзините пријателки се сончаа, а подоцна се префрлија на луксузна јахта.

Foto: Profimedia

Внуката на трагично загинатата Грејс Кели порано се натпреварувала во нуркање, но тоа задоволство го напуштила поради модата. Дипломирала на студиите за моден дизајн, на престижната американска школа „Парсонс“.

Нејзината мајка принцезата Стефани (55) од Монако, секогаш привлекуваше внимание со својот љубовен скандалозен живот.

Принцезата Паулин со нејзината мајка принцезата Стефани

Таа се омажи за нејзиниот телохранител Даниел Дукрует во 1995 година, со кого ја доби ќерката Паулин една година порано. Покрај неа, тие ги имаат ќерката Камила (21) и синот Луис (27). Нивниот брак траеше една година, а фаталниот телохранител ја навреди принцезата кога беше снимен во прегратките на Муриел Мол-Хаутеман, која ја доби титулата „Мис голи гради“ во Белгија.

Foto: Profimedia

За среќа, таткото на Стефани, Рание III од Монако го заштити нивното богатство од нејзиниот сопруг, откако претходно не го прифаќаше како дел од семејството. Неговото несогласување се покажа како оправдано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот