Ќерката на Шабан Шаулиќ сними песна, му ја посвети нему

илда шаулиќ
Инстаграм

Пејачката Илда Шаулиќ, по шокот поради смртта на нејзиниот татко Шабан, собра сили и влезе во студио.

Таа сними песна за нејзиниот покоен татко, а наскоро публиката ќе има можност да ја чуе. Неодамна таа првпат настапи во живо по неговата смрт и призна дека таа вечер била многу емотивна за неа.

Демо-верзијата на песната е снимена пред неколку години, а сега почувствувала дека е вистински момент да ја сними и да ја објави.

Ќе снима и спот, но за Пинк.рс нагласила дека тоа ќе го направи со проверен тим на кој му верува. Планира и до крајот на годината да објави уште една или две песни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот