Ќерката на помошникот на Медвед: Татко ми ме претепа и лицето ми го турна во урина

Сара Сучиќ, ќерката на Стјепан Сучиќ, помошникот на Министерот за бранители, Томо Медвед, тврди дека на 14. август рано наутро била претепана од нејзиниот татко Но, приказната заврши со експресна пресуда за самата Сара.

– Ме турна во ѕидот, лежеше врз мене додека не помочав, потоа ми го туркаше лицето во урината, ме врзуваше со селотејп“, изјави зa „Index“, Сара Сучиќ.

– Сигурна сум дека од почеток планот му беше да се смести во затвор –

Како што тврди таа, се започнало околу пет часот наутро, додека била на работа, добила порака од родителите дека изчезнало нејзиното куче кое и го чувале. Таа отишла во куќата на родителите по нејзината работа во еден ноќен клуб, каде работи како стриптизерка.

– Тие ми рекоа дека кучето паднало од шестиот кат, а сигурна сум дека го имаат сокриено за да предизвикаат караница – вели Сара Сучиќ. Со нејзиниот татко се скарала уште додека го барале кучето, а се ескалирало кога се вратиле во домот на родителите во загребската населба Видиковац.

– Додека го баравме кучето тој ми говореше: Сега те имам, сега ќе те одведам во полиција. Тој не можеше да прифати затоа што работам како стриптизерка. Сигурна сум дека уште од почеток планот му беше да ме смести во затвор. Мислеше дека сум дрогирана и поради тоа да ме пријави – објасни Сара.

– Брат ми му даде на татко ми селотејп за да ме врзе –

Кога караницата преминала во физичка пресметка, во истата се вмешал и нејзиниот брат Сандро, тврди таа.

– Тој на татко ми му даде селотејп. Толку силно ме врза што имам модринки на рамениците. Повредени ми се и ногата, лицето, целата сум со модрици – вели Сара Сучиќ.

Целта потресна приказна на оваа млада девојка можете да ја прочитате на „Index.hr“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот