Ќерката на Пол Макартни снима документарен филм за студиото на „Ејби Роуд“

Profimedia

Ќерката на Пол Макартни, Мери, режира документарен филм за најпознатото тонско студио во Лондон на  „Ејби Роуд“(Abbey Road), во кое Битлси, Пинк Флојд и Арета Френклин ги снимиле своите песни.

Филмот, насловен „Ако овие sидови би можеле да пеат“(If These Walls Could Sing), ќе има интервјуа со ѕвездите и ќе ја документира историјата на студиото, кое ја одбележува 90-годишнината од постоењето.

„Некои од моите најрани спомени од детството се од времето кога бев на „Abbey Road“, рече Мери.

„Abbey Road“ беше само една обична улица пред лондонското студио, тогаш сопственост на ЕМИ.

„Долго време сакав да ја раскажам приказната за тоа историско место и не можев да најдам подобар тим за соработка од Џон и студиото „Меркјури“ за да се постигне оваа креативна амбиција“, додаде таа.

Продуцент на филмот е оскаровецот Џон Батсек.

„Битлси“ го снимија својот претпоследен албум во тоа студио и го нарекоа „Abbey Road“. На насловната на култниот албум, познатиот квартет од Ливерпул ја преминува „зебрата“ пред студиото.

Педесетгодишнината од албумот беше одбележана во 2019 година со излегувањето на неговото специјално издание „Abbey Road Anniversary Edition“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот