Ќерката на починатиот тетовец бара да се спроведе истрага за неговата смрт

Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Наташа Апостоловска, ќерка на 69-годишен тетовец кој почина од коронавирус, преку социјалните мрежи тврди дека не добиле лекарска грижа додека татко и бил на лечење во Заводот за рехабилитација во Козле и бара да се спроведе истрага за неговата смрт.

– Вчера вечер почина татко ми. Се надевам дека ќе спроведе истрага. Најжално е што поради тие лекари и јас и мајка ми се заразивме и сме позитивни, тие не преземаат ни морална обврска, а ние ниту на погреб не може да му одиме на татко ми. Само за нас важат законите, прописите и упатствата, објави денес Апостоловска на профилот на Твитер, означувајќи ги и прашувајќи ги министерот Филипче и Министерството за здравство.

Таа на 25 март алармираше дека од Заводот за рехабилитација во Козле, каде бил од 9 до 23 март, тако и бил отпуштен без да биде тестиран за коронавирус. Поради симпоми бил хоспитализиран на 25 март во тетовско Инфективно одделение, каде му е утврден Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот