Ќерката на Македонецот кој си ја уби сопругата во Австралија продолжува да го поддржува својот татко

Помина речиси една година откако 55-годишниот Македонец Борче Ристевски (55) во Австралија го призна убиството на својата сопруга Карен на 29 јуни 2016 година. Настанот се случи на педесетина километри од националниот парк Маунт Мадесон, во северен Мелубрн, кадешто остатоците од нејзиното тело беа пронајдени дури осум месеци подоцна.

Во интервју за телевизиската емисија „60 минути“, нивната ќерка Сара Ристевски рече дека нејзиниот татко жали за настаните кои се случиле, дека сега го сака и ќе продолжи да го сака кога ќе излезе од затвор.

– Не сакам луѓето да велат дека мојот татко не ја сакаше мајка ми или дека не се грижеше. Луѓето не ја гледаат болката што јас ја гледам кога одам да го посетам. Тој многу жали за сѐ што се случи – рече ќерката Сара.

Таа останува да го поддржува својот татко, поради тоа како што вели, тој ѝ е единствен преостанат родител.

Ристевски првично беше осуден на девет години затвор, за казната потоа да биде продолжена на 13 години.

Aвстралиските медиуми откриваат и дека за ова интервју Ристевски добила 250 илјади доалри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот