Ќерката на Мадона едвај стоеше на нозе, изгледаше дека ќе падне! (ФОТО)

Ќерката на поп-дивата Мадона (61) беше главна атракција на модната недела во Лондон, благодарение на нејзиното чудно однесување и долната облека ,која ја покажа штом излезе од автомобилот.

Имено, Лурдес Леон (23), инаку музичарка во подем, е фотографирана после ревија кога се упатила на забава на магазинот „Love“ во еден познат хотел во Лондон.

Ќерката на поп-кралицата за оваа прилика на себе имаше маичка која ја носеше како фустан, а преку истата носеше тигрест капут кој во овој случај ѝ послужи како моден додаток, а не за да ги „скрие“ интимните делови на телото.

Целиот изглед го збогати со чизми до колена, а при влегувањето во автомобилот толку многу се тетеравеше, за присутните и јавноста да ја „обвинат“ дека испила чашка повеќе. Моментот кој     го украде вниманието е кога со косата го покри лицето, а во еден момент изгледаше дека ѝ се лоши.

Лурдес е едно од петте деца на Мадона, а воедно и нејзина единствена биолошка ќерка. Таа неретко го краде вниманието на јавноста со својот уникатен моден стил, кој дефинитивно доловува дека нејзината мајка за неа е голема инспирација. Она што особено ја одликува Лурдес е нејзината смелост – оваа млада жена нема проблем да се „сноси“ со влакната, па често се појавува во јавноста и на социјалните медоуми со неизбричени пазуви и нозе. Токму овој факт ја прави особено омилена кај женската публика.

Мадона и Лурдес / Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот