Кери Лам признава: „Поразот на прокинеските кандидати го одразува незадоволството на жителите на Хонгконг“

Фото: EPA-EFE/ALY SONG

Лидерката на хонгконшката влада Кери Лам денеска призна дека големиот пораз на прокинеските кандидати на локалните избори го одразува незадоволството на жителите од начинот на кој владата се соочи со политичката криза во оваа автономна кинеска територија.

– Изборите ја покажаа загриженоста поради недоволната способност на владата, како и незадоволството заради времето што и беше потребно да се носи со моменталната нестабилност, и секако, со запирањето на насилството – рече Лам на прес конференција во градот.

Продемократските кандидати во неделата освоија речиси 90 отсто од мандатите на изборите за окружните совети, изјавија лидерите на опозицискиот блок.

Резултатите од изборите се толкуваат како јасен прекор за Лам заради нејзиниот однос кон насилните протести во Хонгконг во изминатите месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот