Кенин со пресврт до титулата на „Австралија опен“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Од понеделник 21-годишната Кенин ќе биде седма тенисерка на светот, вкупно нејзин четврти трофеј во професионалната кариера.

Софија Кенин денеска во големото финале во женска конкуренција на првиот грен слем турнир сезонава во Мелбурн со резултат 2:1 по сетови 4:6, 6:2 и 6:2 ја совлада Гарбиње Мугуруза.

Младата американска тенисерка беше подобра од шпанската натпреварувачка, и на тој начин се промовираше и во најмладата шампионка на „Австралија опен“ уште од Марија Шарапова во 2008 година.

Од понеделник 21-годишната Кенин ќе биде седма тенисерка на светот, за нејзе ова е вкупно четврта титула после триумфот над поранешната прворангирана на ВТА листата.

Мугуруза го претрпе вториот пораз во своето четврто грен слем финале, претходно ги освои „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“.

Да додадеме уште дека машкото финале ќе се игра в недела од 09.30 часот по македонско време помеѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот