Кенин и Мугуруза ќе се борат за трофејот во Мелбурн

твитер

Младата американска тенисерка Софија Кенин направи големо изненадување во полуфиналето на Австралија Опен со триумфот над првата носителка, Ешли Барти од 7:6,7:5.

Во првиот сет немаше брејкови, а поблизу до тоа беше првата носителка која во шестиот гем од првиот сет имаше три брејк топки кои не ги искористи по што сетот замина во тај брејк. Во одлучувачкиот гем, Барти иако има 6:4, направи грешки и и дозволи на Американката да освои четири поени во серија за триумф во првиот сет.

Во вториот сет, првата носителка направи брејк во третиот гем и предноста ја држеше се до 10. кога сервираше за освојување на сетот. Имаше две сет топки, но се повтори сликата од првиот сет, Барти направи неколку грешки во серија со кои Кенин дојде до брејк, а подоцна направи нов брејк за конечен триумф од 7:6,7:5 и пласман во финалето.

Нејзина противничка ќе биде Гарбине Мугуруза која со идентичен резултат 7:6,7:5 ја елиминира Симона Халеп.

Ова ќе биде четврто финале за Мугуруза на грен слем турнирите, додека Кенин прв пат ќе биде дел од финалниот меч за титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот