Кенин е последната полуфиналистка на „Ролан Гарос“

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Уште пред одигрувањето на денешниот четвртфинален дуел се знаеше дека САД ќе има претставник во наредната фаза, во американскиот дуел во женска конкуренција Софија Кенин триумфираше против Дениел Роуз Колинс.

Помладата од двете тенисерки, Кенин успеа до победата да стигне после два часа игра, 6:4, 4:6 и 6:0.

Колинс имаше проблеми и со повреда поради која во третиот сет од мечот побара медицински тајм-аут.

Кенин (победничката од „УС Опен“ годинава) за пласман во големото финале на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ ќе игра против Петра Квитова која претходно славеше против Германката Лаура Зигемунд.

Во втората полуфинална двојка силите ќе ги одмерат полската натпреварувачка Ига Швјонтек против Надја Подороска од Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот