Кендал Џенер прозборе за проблемите со менталното здравје и анксиозноста

Instagram

Во првата епизода на „Open Minded: Unpacking Anxiety“ во продукција на „Vogue“, Кендал Џенер прозборе искрено за своите искуства со анксиозноста и симптомите што доаѓаат заедно со неа.

Џенер на оваа тема разговараше со д-р Рамани Дурвасула, лиценциран клинички психолог и професор по психологија.

Јас сум многу свесна за мојата анксиозност. Не сакам сожалување. Едноставно не сакам да зборувам кога не се чувствувам премногу добро“, откри Џенер во специјалното интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Не знам. Станувам малку нервозна кога треба некако да бидам отворена и да зборувам за тоа со што се борам“, вели таа.

Џенер се присети на првите моменти кога почнала посериозно да се соочува со анксиозност уште на рана возраст, а ситуацијата се влошила имајќи предвид дека нејзиното семејство, а потоа и нејзината самостојна кариера како модел е секогаш во центарот на вниманието.

Instagram

Кендал се присети на некои од симптомите кои ги искусила во минатото. Таа откри дека понекогаш се чувствувала како да умира, сакала да биде итно пренесена во болница, нејзините екстремитети биле вкочанети

Иако вели дека е среќна и е свесна за своите привилегии, таа е богата и славна но, како што вели, тоа не го спречува нејзиното ментално нарушување…

Сè уште нешто се случува“, вели Џенер покажувајќи кон нејзиниот мозок. „Тоа нешто таму горе… не е секогаш среќно и не е секогаш поврзано“.

Д-р Дурвасула вели дека секоја личност со која се сретнала во нејзината приватна ординација во Лос Анџелес се соочува со некој вид на ментално нарушување. Психологот исто така повикува на дестигматизација на менталните нарушувања – особено на анксиозноста. Анксиозните нарушувања влијаат на 40 милиони возрасни лица само во Соединетите држави. А од тој број, само 36,9% добиваат третман.

Анксиозноста е континуитет“, вели Дурвасула.

Постојат луѓе кои го доживуваат ова нарушување во поблага форма, но има случаи и кога човек се соочува со анксиозноста до тој степен што тоа влијае на неговата работа, дом и односите со други луѓе. Во тој случај, д-р Дурвасула вели дека тоа се нарекува клиничка анксиозност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kendall (@kendalljenner)

Џенер во интервјуто исто така дискутираше и за нејзината социјална анксиозност предизвикана од пандемијата на коронавирусите.

Сега кога работите полека се враќаат во нормала, ако одам на вечера или ако видам некои пријатели што не сум ги видела од минатата година, тоа ми создава анксиозност“, рече таа.

На крајот од видеото, Кендал Џенер ѝ се заблагодари на д-р Дурвасула велејќи дека научила многу од разговорот со неа.

Навистина ценам што ја споделуваш својата приказна, секогаш сум благодарна кога некој зборува јавно за своето искуство за луѓето да видат дека не се сами со ова“, ѝ посочи Дурвасула на Џенер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот