Кендал Џенер повторно со НБА играч, фановите жестоко ја критикуваа: Таа им одговори и го има „твитот на годината“ (ФОТО)

Фото: Инстаграм/ Профимедиа

Популарната манекенка и инфлуенсерка Кендал Џенер (24) е фотографирана со НБА ѕвездата Девин Букер (23), а потоа набрзо се најде на мета на „хејтерите“.

Кендал неколку пати била во врска со НБА играчи, а последен на кој најмногу му се враќаше е кошаркарот Бен Симонс (23).

Пред Бен таа беше во врска со Џордан Кларксон и Блејк Грифин, а откако беше фотографирана со четвртиот, нејзините следбеници почнаа да пишуваат негативни коментари.

– Тие те додаваат од еден на друг, дали си глупа – ја прашал еден од обожавателите, а Кендал на тоа му одговорила во свој стил.


– Луѓето се однесуваат како јас да немам потполна контрола на мојата вагина – напишала Кендал, член на популарниот Кардашијан-Џенер клан.

Нејзините сестри под нејзиниот твит оставала „смајли“ и заклучиле дека нејзиниот одговор кон хејтерите е „твит на годината“.

Исто така, со овој остар одговор популарната манекенка заработила многу симпатии, а фановите велат конечно таа има остар став.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот