Кендал Џенер откри зошто не разговарале со Кајли повеќе од еден месец

Instagram
Instagram

Манекенката Кендал Џенер (25) и нејзината сестра Кајли Џенер (23) не разговарале „повеќе од еден месец“ откако се случила непријатна кавга која преминала во тепачка за време на нивното патување во Палм Спрингс. Поголемиот дел од познатото семејство Кардашијанс, кога коронавирусот започнал поинтензивно да се шири во Америка, заминале во Палм Спрингс.

Instagram
Instagram

Во новата епизода на „Keeping Up With The Kardashians“, во своето „признание“, таа објасни: „Кајли и јас имавме голема расправија кога се враќавме од Палм Спрингс, помина долго време и не сум се слушнала со неа, чудно е. Никогаш не поминало толку време без да зборуваме.“

Кавгата се случила кога биле излезени, кога Кендал, Кајли и момчето на нивната мајка Крис, Кори, завршил во истиот автомобил со нив. Кавгата преминала во тепачка кога Кајли (23), наводно, одбила водачот да ја остави Кендал пред нејзината куќа.

Instagram
Instagram

Се растажив кога Кендал ми кажа дека не се слуша со Кајли, бидејќи ние не правиме така. Кортни и Ким се тепаат и потоа за неколку дена повторно патуваат заедно“, изјави нивната сестра Клои.

Instagram
Instagram

Пред кавгата, Кајли ми покажа една книга во која пишуваше дека гордоста е дел од нашите стравови. Тоа ме потсети на нашата кавга, бидејќи и двете сме алфа девојки и сме навистина тешки… Потоа одлучив да бидат поголем човек и да ѝ се јавам, понекогаш мислам дека таа треба прва да се извини, но сепак се одлучив јас да се јавам“, изјави Кендал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот