Кендал Џенер и Хејли Бибер уживаат заедно во летото: Многумина велат дека Бибер е конкуренција на најплатениот модел во светот! (ФОТО)

Instagram

Тие се најдобри пријателки, двете се модели, но само една од нив е највисоко платениот топ модел во светот во моментот.

Станува збор за Кендал Џенер (24), која со приход од скоро 30 милиони долари „избега“ многу понапред од нејзината позната пријателка Хејли Бибер (23), сопругата на пејачот Џастин Бибер (26).

профимедиа

Пријателките биле фотографирани на плажа во Малибу, пред куќата изнајмена од семејството Кардашијан-Џенер.

Прекрасните девојќи се смееле пешачејќи на плажата, а обожавателите се запрашаа како е можно Кендал да биде платена толку повеќе од Хејли и што придонело за тоа?

Имено, судејќи според коментарите на многумина, Хејли има далеку подобро тело од нејзината пријателка, или пак така вели посилниот пол.

профимедиа

Но, меѓу нив не постои љубомора, а нивното пријателство трае уште од детството.

Патем, Кендал веќе некое време ужива со ѕвездата од НБА, Девино Букер, а Хејли е во брак со пејачот Џастин Бибер од 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот