Кембриџ алармира: Во Англија може да има до 690 починати дневно (ВИДЕО)

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Англија би можел да скокне на 690 на ден за само две недели, ако продолжи трендот на зголемување на бројот на пациенти на неделно ниво.

Националниот завод за статистика во Англија објави дека секоја недела се заразуваат 50 проценти повеќе луѓе отколку во претходниот период, објави „Дејли меил”.

Медицинскиот отсек на Универзитетот во Кембриџ направи лоши прогнози и објави проекции за тоа колку брзо се шири Ковид-19, се додава во текстот.

Луѓе го користат топлото време за да прошетаат и спортуваат во познатиот Гринвич Парк / Април 2020, Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Нивната проценка е дека околу 47.000 луѓе се заразуваат дневно во Англија, а бројките се удвојуваат на седум дена.

Бројката вклучува и асимптоматски случаи и заклучокот е дека стотици луѓе ќе умираат секој ден.

– Предвидуваме дека бројот на смртни случаи секој ден ќе биде помеѓу 240 и 690, веќе на 26 октомври, се вели во извештајот на тимот од Кембриџ.

Прочитајте и...  Забразно се шири вирусот во тетовско, 30 отсто од тестираните позитивни на ковид-19

Бројот на заразени може да варира помеѓу 28.900 и 74.900, а најреална проценка е околу 47.000 на ден. 

Поврзани вести

ВИДЕО | Шахпаска: Борба против дискриминацијата- еднакви права и слободи на сите граѓани

Слободен печат

Др- Митов: Медицината конечно се приближи кон превентива

Слободен печат

Црн ден за Русија, изброија 346 починати од коронавирус

Слободен печат

Изработен е прашалник за онлајн купување

Слободен печат

ВИДЕО: Уште едно убиство на Афроамериканец од страна на полицијата покрена жесток револт во Америка

Слободен печат

Сајбер напад на една недела до изборите во САД: Хакиран сајтот на претседателската кампања на Доналд Трамп

Слободен печат

Остави Коментар