Кемба Вокер има 140 милиони причини да се пресели ви Бостон

Кемба Вокер во текот на денешниот ден кога ќе се отвори трансфер пазарот, ќе потпише максимален договор со Бостон селтикс. Кошаркарот кој од 2011 година е член на Шарлот хорнетс, со Бостон ќе потпише четиригодишен договор за кој ќе добие 141 милион долари, јавуваат бројни новинари од САД.

Вокер во текот на денешниот ден ќе отпатува во Бостон за да го потпише договорот кој ќе биде официјализиран по 18 часот, кога се отвора трансфер пазарот во НБА лигата.

Одличниот плејмејкер во најтрофејниот клуб во НБА лигата ќе биде замена за ол стар бекот, Кајри Ирвинг кој има идентична понуда како и Вокер, 141 милиони долари за четири сезони од Бруклин нетс и се очекува да ја прифати.

Кемба Вокер минатата сезона во дресот на Шарлот постигнуваше просечно 25.6 поени, 4.4 скокови и 5.9 асистенции по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот