Келнери носат униформи со буквата „Z“ во кафуле во Подгорица

„Руски бар“ во Подгорица
Фото: Фејсбук, „Руски бар“

Амбасадата на Украина во Црна Гора најостро ја осуди управата на кафулето во Подгорица, „Руски бар“ во блокот пет, чии вработени ја носат буквата „Z“ (З) на работните униформи. Тоа е симбол на руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари.

Според објавата на официјалниот профил на Фејсбук, Украинската амбасада поради ова испратила допис до надлежните органи на Црна Гора:

„Ние сме револтирани што еден од угостителските објекти во главниот град на Црна Гора толку смело и отворено ги поддржува руските злосторства против Украина. Амбасадата испрати нота до надлежните органи на Црна Гора и ќе чека официјален одговор.“

Црногорските надлежни органи засега не соопштуваат ништо.

Антон Герашченко, заменикот-министер за внатрешни работи на Украина, на својот Твитер профил објави фотографија од келнер од подгоричкиот „Руски бар“, со прашањето: Дали е вистина дека вработените ја носат таа ознака?

Во Подгорица во неколку наврати се организираа собири за поддршка на Украина, додека во Цетиње граѓаните сто дена по ред организираа собири за поддршка, а и сега во главниот град на Црна Гора повремено ги одржуваат.

Додека граѓаните на Цетиње протестираа против руската инвазија на Украина, во Никшиќ се одржаа неколку митинзи за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин, организирани од православните братства блиски до Српската православна црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот