Кекеновски: За жал не успеавме да се издигнеме над партиските интереси

Пратениците треба да се ослободат од партиските интереси и да одлучат како им носи совеста во врска со автентичното толкување на Законот за помилување, за кој расправа и Уставниот суд, рече вечерва професорот Јове Кекеновски во дебатната емисија „Само вистина“ на „Канал 5“ Телевизија.

-Сите се обидуваме на свој начин да толкуваме една одредба. Нема држава во која една одредба се толкува на толку различни начини. Автентичното толкување ќе донесе сите да го толкуваме тоа на еден ист начин. Со оглед на силите во законодавно-правната комисија, јас не сум сигурен, бидејќи зависи кој има мнозинство, тој ќе одлучи, за жал не успеавме да се издигнеме над партиските интереси- рече Кекеновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот