Кејти Пери и Орландо Блум открија кој ќе му биде кум на бебето

принтскрин

Поп ѕвездата Кејти Пери (35) набрзо за првпат ќе стане мајка, а за кума на ќерката која ќе ја добие со Орландо Блум, ја одбрала нејзината долгогодишна пријателка Џенифер Анистон.

Познатата 51-годишна глумица со задоволството прифатила да биде кума на бебето.

Како што открива извор за „Сан“, Блум и Пери во налет на емоции не можеле да ги запрат солзите кога ја прашале Џенифер дали ќе биде кума на нивната ќерка.

Profimedia

Не криејќи го задоволството за понудената чест, ни Џенифер Анистон не можела да се воздржи и да не заплаче.

Џенифер на Кејти во текот на бременоста и давала емотивна поддршка. Тие се многу блиски, а за време на карантинот многу време поминувале заедно во прошетки, држејќи притоа потребна физичка дистанца.

Кејти и Џенифер ги поврзува пријателство долго скоро 10 години, а во еден период биле и сопернички.

Џенифер во 2008 година кратко излегувала со музичарот Џон Мајер, со кого Кејти била во испрекината љубовна врска од 2012 до 2014 година.

Кејти Пери и Џон Мајер/Profimedia
Џенифер Анистон и Џон Мајер/Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот