Кејти Пери и Орландо Блум добија ќеркичка

Profimedia

Пејачката Кејти Пери и глумецот орландо Блум станаа родители.

„Исполнети сме со љубов и благодарност поради доаѓањето на нашата ќеркичка“, изјави славниот пар за УНИЦЕФ.

Открија дека на ќеркичката ѝ дале име Дејзи Доув.

Орландо и Кејти објавија црно-бела фотографија на која за рака ја држат својата ќеркичка. Среќната вест ја објавиле преку социјалните мрежи на УНИЦЕФ бидејќи се амбасадори на организацијата, а испратија силна порака во која повикаа на подигнување на свеста за децата родени во подрачјата во кои недостасуваат лекови.

„Знаеме дека сме среќници и дека сите не можат да доживеат мирно породување. Општествата ширум светот и понатаму се соочуваат со недостаток на здравствени потрепштини и бројни деца поради тоа се загрозени. Тоа ни ги крши срцата, особено поради фактот што сме новопечени родители“, напишале во изјавата.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот