Кејт Мос со воодушевување се потсети на бакнежот со Френк Синатра

Profimedia

Супермоделот Кејт Мос се присети на еден детаљ од младоста кој никогаш не го заборавила. Таа како девојка била меѓепсана од Френк Синатра, а нивната блиска средба ја памети и денес.

Сега проговори на оваа тема и тоа за престижниот магазин „Вог“.

Profimedia

Кога Кејт почнала сериозно да влегува во светот на манекенството, имала само 21 година, а тогаш била во љубовна врска со Џони Деп. На роденденската забава на популарниот Френк Синатра таа отишла со Деп, а потоа се случило нешто неочекувано.

Бидејќи била маѓепсана од Синатра, од неговите сини очи и прекрасниот глас, Кејт поради блиската средба со него се онесвестила. Се сè случило на прославата и тоа пред нејзиното момче Џони Деп.

„Френк Синатра во целост ме маѓепса, a јас се онесвестив. Сѐ уште го имаше оној сјај во неговите сини очи. Бев на неговата забава, седев на страна и пушев цигара. Во еден момент ме забележа и дојде до мене да се поздрави”.

„Ги викна своите телохранители со цел Џони да не може да пријде, а конверзацијата течеше пријатно. Ме праша како сум. Му го честитав роденденот и останав без текст. Ме бакна во устата и ми ја врати цигарата“, се присети на моментот Кејт Мос во разговорот за „Вог“.

Во интервјуто за јануарското издание на магазинот, Кејт зборува за многу детали од својот живот. Јануарскиот број допрва треба да излезе, а многумина го очекуваат со нетрпение.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот