Кејт Мос потрошила околу 750.000 евра на кокаин! Сега ги негира тврдењата

Фотографија: Instagram

Британскиот супермодел и една од најуспешните манекенки на сите времиња, Кејт Мос (45), започнала да консумира кокаин уште на 22 години. На забавите го користела на секои пет минути, а на првокласниот бел прав во десетгодиншната зависност, потрошила повеќе од 750.000 евра.

Пријателот на славната манекенка, ловецот на модели Гавин Масел, изјавил дека Кејт секогаш била „ненормално многу издрогирана“ кога тие двајца се сретнувале, за време на нивното долгогодишно пријателство. Таа не успеала да му одолее на кокаинот ни за време на посетата на тогашниот јужноафрикански претседател, Нелсон Мендела, во 1998 година.

Instagram

Не само што консумирала и по 4 линии одеднаш во хотелската соба во Кејп Таун пред неколку години, туку го правела тоа дури и во тоалетот на една од најценетите личности на светот.

„Ме одвлечка во тоалетот додека Мендела примаше гости. Направи една линија и ја зема од капакот на веце школката“ изјавил Гавин. Кејт ја забележале како консумира кокаин и во едно музичко студио. Тогаш загубила бројни повеќемилионски договори, заминала на лечење во Аризона и наводно се излечила од зависноста.

View this post on Instagram

via @madamefigarofr shot by @studiofredmeylan

A post shared by Kate Moss Latest ⚡️ (@katemosslatest) on

Драстично го промени својот живот и сега е трезна, а гласините за нејзината тешка зависност ја нервираат, повеќе од секогаш. Кејт е на вистинскиот пат моментално, но злобните луѓе и оговарања постојано ги слуша.

„Никогаш во животот не сум земала хероин. Се продаваа маици со натписот Кејт е наркоманка, ми се случуваа ужасни работи. Ми доаѓаше да си кажам сама на себе, можеби и подобро е да си навистина на хероин“ изјави Мос, негирајќи ги гласините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот