Кејт Мидлтон започнала да плаче, а Вилијам се разнежнил: Откриен емотивниот говор на принцот Хари за свадбата на неговиот брат!

Instagram

Добро е познато дека принцот Хари и принцот Вилијам долго време беа толку блиски што многумина ги сметаа не само за браќа, туку и за најдобри пријатели, а доаѓањето на Кејт Мидлтон во семејството не го наруши нивниот однос. Напротив, тие тројца уште како студенти излегувале заедно на забави, а подоцна заедно ги завршувале и кралските должности, посетувале приеми, државни институции и слично.

Хари беше дури и кум на венчавката на неговиот брат со Кејт во 2011 година, а наводно споремил и повеќе од емотивен говор.

инстаграм

Пред прочуениот бакнеж на Вилијам и Кејт на балконот на Бакингемската палата, семејството се собрало во една од салите, а принцот Хари одржал говор поради кој на Мидлтон ѝ потеке солзи, а и самиот младоженец бил емотивен.

„Тоа беше топло, забавно и допре до Вилијам“, се наведува во книгата – Хари: Живот, загуба и љубов – од авторката Кејти Никол во 2017 година. „Кога изјави дека љубовта на овој пар долга една деценија е инспирација за него, Челси (Дејви, тогашната девојка на Хари) срамежливо се насмеа, додека на Кејт и потекоа солзи“.

ЕПА

„Говорот беше преполн со типичниот хумор на Хари, а се пошегува и на сметка на својот брат велејќи: Вилијам немаше ниту една романтична коска во своето тело пред да ја запознае Кејт, тако што знаев дека е сериозен штом почна да разговара постојано на телефон со неа. Познат по своите имитации, Хари имитираше како неговиот брат ја вика Кејт „Бејбикинс“, што ги насмеа гостите“

Наводно тогашната девојка на Хари инсистирала да тој од првата верзија на говорот извади една реченица која би ја посрамотила Кејт, а се однесувала на нејзините нозе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот