Кејт Мидлтон веќе не е најомилена на кралскиот двор: Кралицата ѝ ја „украде“ титулата

epa-efe
EPA-EFE/Stephen Lock / i-Images / POOL

Познато е дека принцот Вилијам (38) и војвотката Кејт Мидлтон (38) се една од најпопуларните кралски двојки. Кејт повеќето време убедливо седеше на тронот на анкетата каде што љубителите на британското кралско семејство гласаат кој им е најомилен, но сега тоа место му припадна на некој друг.

Анкетата била спроведена во јануари, март и октомври, а Британците рангирале кој член на кралското семејство колку им се допаѓа. Најмногу гласови добила кралицата Елизабета Втора (94).
Се верува дека новите резултати се последица на работата на семејството за време на карантинот, вклучително и обраќањето на кралицата на јавноста и благодарноста до сите вработени што се во првите редови на одбраната од пандемијата.

Кралското семејство за време на крштевката на принцот Арчи / Фото: Инстаграм / @sussexroyal

Според статистичките податоци, 83 отсто од луѓето имале позитивно мислење за кралицата, проследено со 80 отсто од принцот Вилијам, а трета била Кејт со 76 отсто. И сопругот на кралицата, принцот Филип (99), добил повеќе поени во октомври.

На листата се наоѓа и принцот Чарлс (71) со 58 отсто, а неговата сопруга Камила (73) има слаб резултат – само 44 отсто.

Пад на популарноста се случил и кај принцот Хари (36) и Меган Маркл (39). Во октомври лани, за Хари позитивно мислење имале 71 отсто од луѓето, а сега се намалило на 55 отсто. Меган со 55 отсто „паднала“ на 38 отсто во март, а сега само 33 отсто луѓе ја сакаат.

Кралицата Елизабета Втора и принцот Ендрју

Најлошиот на списокот и очигледно најомразениот член на кралското семејство е принцот Ендру, кој исто така ја напушти должноста, по скандалот поради неговото пријателство со сексуалниот предатор Џефри Епштајн. Ендру го поддржуваат само 7 отсто од испитаниците.

На прашањето кој треба да ја наследи кралицата, принцот Вилијам добил најмногу гласови, по што следувал принцот Чарлс.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот