Кејт Мидлтон повторно воодушевува со скромноста: Идната кралица носи чизми стари 16 години (ФОТО)

Profimedia

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, вчера ја посети познатата фарма во Северна Ирска „The Ark Open Farm“, а за таа прилика повторно ги облече нејзините познати кафени кожни чизми, стари дури 16 години.

Profimedia

Нејзините рачно направени чизми со потпис на Пенелопе Чилверс чинат околу 450 фунти, а Кејт дефинитивно докажа дека тоа е модел за сите времиња, за бројни прилики и за три од четирите годишни времиња.

Profimedia

Кејт на тој начин повторно ја воодушеви јавноста со својата скромност, односно фактот дека и покрај сето богатство, таа не се расфрла со пари, туку своите квалитетни парчиња облека и обувки ги носи повеќепарти.

Покрај омилените чизми, војвотката избра удобни хеланки и едноставна јакна под која се наѕираше небесносина ролка.

Profimedia
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот