Кејт Мидлтон откри што ѝ било најтешко во екот на пандемијата

Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, јавно призна дека и во кралското семејство, како и во многу други, имало подеми и падови во екот на пандемијата на коронавирусот. Она што изгледа и било најтешко, е како да им објасни на децата што точно се случува. Во тоа, на неа и принцот Вилијам, најмногу во пресрет им излегле училиштата во кои одат децата.

„Имавме подеми и падови исто како и секое друго семејство во изолација. Џорџ е многу постар од Луи и изненадена сум колку тој сфаќаше дека нешто се случува”, рече таа. „Иако не сакав да ги исплашам и да претерувам, мислам дека беше важно некои работи да им бидат објаснети на начин на кој ќе можат да сфатат, соодветно за нивната возраст“, објасни Кејт.

„Тешко е да им се објасни на малите деца што се случува, но училиштата завршија одлична работа и ни помогнаа да им ја објасниме целата ситуација на Џорџ, Шарлот и Луи“, призна војвотката, која со сопругот и трите деца последниве месеци се наоѓа во изолација во семејната куќа во Норфолк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот