Кејт Мидлтон откри како се справува со карантините: Станав фризер на моите деца

Instagram
Фото: Instagram

Како и секоја мајка и Кејт Мидлтон секојдневно, поголемиот дел од времето го посветува на своите деца. Но, периодов на пандемија се одразило и на кралското семејство.

Мидлтон вели дека периодов е голем предизвик и за неа, со дополнителните обврски околу домот, покрај сите други одговорности што ги презела во текот на изминатата година откако таа и принцот Вилијам се преселија со своите деца во замокот „Anmer Hall“ во Норфолк.

Во групен разговор со неколку родители, војвотката откри што ѝ било најтешко и како се справува со многуте нови улоги кои и ги наметнала пандемијата.

Instagram
Instagram

Велика Британија се бори со вирусот, како и остатоткот од светот, така што децата таму засега следат настава од дома. Ова значи дека сите одговорности за проверка на домашните задачи, помош околу нејаснотиите со кои се соочуваат децата паднале на грбот на родителите, вклучувајќи ги и војводата и војвотката од Кембриџ.

39-годишната војвотка зборуваше на оваа тема во групен видео разговор, разменувајќи искуства со други родители. Кејт, откри кој предмет ѝ создава најголеми проблеми додека помага во решавањето на задачи на 7-годишниот принц Џорџ и 5-годишната принцеза Шарлот.

На прашањето како би ги оценила своите математички вештини на скала од 1 до 10, Кејт одговори: „-5“.

Instagram
Принтскрин од видео / Instagram

Очигледно сум на дното!“, со насмевка рече војвотката која покрај Џорџ и Шарлот го има и помалиот син Луис кој ќе го прослави својот 3 роденден во април, па Кејт засега има една грижа помалку, барем кога станува збор за училиште.

Мелиса Лусмор, директорката на училиштето „Roe Green“ во Лондон, ги замоли Кејт и другите родители да напишат еден збор што најдобро го опишува нивното родителство во време на пандемија, а зборот што војвотката го избра беше – „исцрпувачки“.

Како родители, имаме секојдневни улоги, но претпоставувам дека за време на карантинот моравме да преземеме дополнителни улоги за кои претходно ни помагаа други луѓе од нашата заедница“, додаде Кејт.

Instagram
Принтскрин од видео / Instagram

Една од тие нови улоги им донела, како што вели Кејт, „ужас“ на нејзините деца, Џорџ, Шарлот и двегодишниот Луис.

За време на карантинот станав фризер на моите деца“, откри таа, додавајќи дека нејзиниот сопруг ѝ бил најголема поддршка за време на пандемијата.

Сите деца на родителите со кои разговараше Кејт одат учат во училиштето „Roe Green“ во Брент, кое Кејт го посети пред три години за да го започне својот проект за подобро ментално здравје во училиштата.

Profimedia
Profimedia

Целта на видео-разговорот, одржан во вторникот од нејзината нова канцеларија во Сандрингем, беше да се откријат некои од клучните проблеми кои ги мачат родителите кои за време на пандемијата „жонглираат“ помеѓу работата, домашните обрски и училишните обврски на своите деца.

Знам колку е предизвик да се „жонглира“ помеѓу работата, домашните обврски, сите училишни обрски и сè останато што вие како родители го правите секој ден, и затоа секоја чест за тоа… Секако, внимавајте и на себе. Многу е тешко да се ставите себеси на прво место, но сега тоа е потребно повеќе од кога било. За нашите деца е важно да внимаваме и на себе“, заклучи Мидлтон.

Секој се посветува на себе на различен начин. Никол Сајдман, мајка на четири деца, истакна дека вежбањето може позитивно да влијае на менталното здравје, додека родителите Мусадик Субар и Рајана Панчани зборуваа за тоа колку ја ценат поддршката од своите пријатели и колеги во ова тешко време.

Instagram
Instagram

Тие секако зборуваа и за осаменоста со која се справуваат многу родители. Истражувањето кое го започна Кејт покажало дека осаменоста драстично се зголемила за време на пандемијата, од 38 на 63 проценти, со оглед на фактот дека многу родители се отсечени од нивните пријатели и семејства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот