Кејт Мидлтон облече патики од 2.000 денари и за само еден час овој модел целосно се распродаде

Profimedia

Кејт Мидлтон е жена која постави стандарди во модата. Иако е членка на кралското семејство и може да носи гардероба каква што ќе посака, војвотката често може да се види во модни комбинации кои секој може да си ги дозволи.

На еден спортски настан неделава во Лондон, Кејт се појави во зелена комбинација – џемпер од „Манго“ и панталони од „Зара“.

Profimedia

Целата комбинација ја заокружи со бели патики од марката „Маркс&Спенсер“, кои чинат околу 2.000 денари (30 фунти).

Profimedia

Само неколку часа откако излегоа фотографии на Кејт Мидлтон со овој модел, патиките во Британија беа распродадени во сите големини.

Класичните бели патики со зелени детали направија вистински бум, а продавниците ги обновуваат залихите само затоа што овој модел го носела највлијателната жена во Британија, кога станува збор за модата.

Profimedia

Сепак, Кејт не ги носи овие патики првпат! Таа и претходно е забележана како успешно го комбинира овој модел, а ги поседува од 2016 година. Од „Маркс&Спенсер“ изјавуваат дека секогаш кога испливуваат фотографии од војвотката со патиките, тие одново стануваат хит. Според коментарите на купувачите, се трошат многу брзо поради удобноста, минималистичкиот дизајн и боите – лесно се комбинираат со сè и важат за одлична замена на чевли, бидејќи даваат фин лежерен допир на секојдневните комбинации.

Кејт овој модел на патики го носи од 2016 година / Фото: Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот