Кејт Мидлтон „немала енергија“ за да се зближи со Меган Маркл: Нова биографија открива детали за Кралското Семејство

меган маркл кејт мидлтон
Фото: Принтскрин / Instagram

Кралскиот фотограф Ендру Мортон напиша нови поглавја од неговата неавторизирана биографија посветена на кралското семејство и пред сè, контроверзната принцеза Меган Маркл, која е насловена „Меган: Холивудска Принцеза“, во кои открива детали за нејзиниот однос со Кејт Мидлтон и ги негира изјавите на Меган во интервјуто кај Опра.

Фотографот кој во 1992 година ја напиша познатата биографија за Принцезата Дијана, заедно со нејзина помош, објави нова книга во која раскажува како Меган Маркл и Принцот Хари за кралското семејство биле „тешки за справување“, и нивното напуштање на кралските формални активности значело преќутно олеснување за останатите членови на семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate middleton (@kate_middleton_3434)

Во биографијата Ендру раскажува како Кејт и Меган отсекогаш имале формален однос и никогаш не успеале да се зближат како што би се очекувало.

„Кејт и Меган не беа ниту сестри ниту, за разлика од Ферги и Дијана, пријателки пред да станат дел од Кралското Семејство. Што е уште поважно, за време на подготовките за свадбата на Меган, Кејт поминуваше низ својата трета, комплицирана бременост и беше фокусирана на свето лично добро. Немаше многу енергија за да се приврзе со нејзиниот нов сосед. Кога седнаа заедно во кралскиот партер за да го проследат женското финале на Вимблдон во јули 2018 година, двете жени сè уште се запознаваа“, пишува Мортон.

Во подетално разгледување на нивниот однос, се дознава дека двете војвотки не ни имале многу можности да се запознаат, пред сè од практични причини.

„Кејт ги поминуваше викендите и празниците во „Anmer Hall“, селскиот дом на Кејт и Вилијам во Норфолк, додека Меган и Хари беа отприлика на три часа од нив, живееја на голем, изнајмен имот на пределот „Great Tew“ во Оксфордшајр. Сонот на Хари за две среќни сплотени семејства се чинеше дека е многу далеку од исполнување.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan a Harry (@harrymeghan_svk)

Следствено, идејата за напуштање на кралските активности од страна на Меган и Хари наишло на позитивна подршка од Принцот Вилијам уште од самите почетоци, кога тие ги поминаа Денот на Благодарноста и Божиќ во Канада и сè уште размислуваа за тоа.

„На лично ниво, тогап, нивното напуштање на Британија беше тивко добредојдено од некои членови на фамилијата Виндсор и нивните дворјани, но на институционално ниво тоа беше тежок удар.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Modern IT Girl (@modernitgirl)

Меган и Хари ја напуштија Британија во март 2020 пред да се преселат во Калифорнија, а по нивното ексклузивно заедничко интервју кај Опра Винфри се разоткрија нови длабочини во проблематичниот однос кои тие го негуваа со кралското семејство.

Во новите поглавја Ендру ги негира одговорите на Меган во интервјуто со Опра Винфри, каде таа изјави дека во период од четири месеци таа била „осамен затвореник кој бил чуван од мажите во сиво“, тврдејќи дека Меган излегувала на ручеци и вечери, одела на третмани за убавина и на многу шопинзи.

Видео на денот