Кејт Мидлтон на Инстаграм ја објави првата лична порака (ФОТО)

Instagram

Војвотката од Кембриџ во неделата на профилот Кенсингтон ројал на Инстаграм објави лична порака заедно со неколку фотографии снимени во текот на нејзината посета на детското сиропиталиште за време на петдневниот престој во Пакистан.

„Заедницата во СОС-селото се гради како семејство, најдоброто можно семејство што можете да го замислите. Семејство во кое со заеднички сили се негуваат, се сакаат и се штитат децата за кои овде се води грижа. Овие ранливи деца, а многу зад себе имаат трауматични околности, растат во грижливо опкружување и се во состојба да градат квалитетни односи, кои им се потребни за нивен понатамошен развој“, напиша Кејт, потпишувајќи се под пораката едноставно Кетрин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот