Кејт Мидлтон можеби навистина носи евтина облека, но затоа воопшто не штеди на накит: Колку вреди еден нејзин прстен?

instagram

Сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон е препознатлива по својот минималистички стил на облекување и е една од ретките дами од кралското семејство што носи евтина облека. Кејт прекрасно го носи секој стајлинг и секогаш го надополнува со прекрасен накит. Веќе како постар член на кралското семејство, Кејт почна да добива привилегија да носи парчиња накит од кралската колекција.

Instagram
Instagram

Мидлтон носи дијадеми, обетки, прстени парчиња кралски накит кои припаѓале на кралицата и кои веројатно еден ден ќе ги носи нејзината ќерка или снаа.

На многу фотографии Кејт јавноста го забележа накитот што некогаш ѝ припаѓаше на принцезата Дајана. Познат е фактот и нејзиниот веренички прстен од сафир и дијамант е дел од кралската колекција, прстен што прицот Чарлс ѝ го дал на принцезата Дајана.

Instagram
Instagram

Вредноста на прстенот се проценува над 28.000 фунти кога бил изработен, а денес би чинел неверојатни 300.000 фунти.

Војвотката од Кембриџ носи и обетки со дијамант и сафир од принцезата Дајана.

Instagram
Instagram

Овие обетки од сафир и дијамант, кои први ги носеше Дајана, ги обнови Кејт според нејзиниот личен вкус“, изјави Еди Левијан за магазинот „Express“.

Се веруваше дека сафирот е омилен скапоцен камен на принцезата Дајана, а очигледно Кејт ја задржува традицијата во модернизирана верзија. Најверојатно скапоцените камења ја воодушевуваат и војвотката Кејт, имајќи ја предвид кралската историја на носење елегантен, софистициран и разноврсен накит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот