Кејт Мидлтон ќе стане кралица, а се памтат нејзините слики во топлес, но и големата тајна за самоубиството на медицинската сестра (ФОТО)

Profimedia

Кетрин Елизабет Мидлтон е членка на британскот кралско семејство, сопруга на принцот Вилијам која ја носи титулата на војвотка од Кембриџ, а откако нејзиниот сопруг ќе стане крал, таа ќе биде кралица.

Кејт пораснала во Чапел Роу, село во Беркшир, Англија. Студирала историја на уметност во Шкотска каде што го запознала Влилјам во 2001 година, но љубовта меѓу нив се родила дури две години подоцна.

Profimedia

Војвотката од Кембриџ од мали нозе раснела опкружена со дипломати. И покрај фактот дека пари не ѝ недостасувале ни во текот на студирањето, во 2006 година Кејт работела како продавачка за ланецот „Jigsaw“, а после тоа како дизајнер на каталози и го водела маркетингот за семејниот бизнис.

Кејт и Вилијам својата романса ја започнале во текот на студирањњто, а делеле стан со уште еден пар. Во април 2007 година се разделиле. Меѓутоа, нивната љубов не завршила тука, а врската ја официјализирале со веридбата во октомври 2010 година.

Profimedia

Принцот на Кејт ѝ подарил прстен кој ѝ припаѓал на неговата мајка, принцезата Дајана.

По нивната венчавка, следел голем скандал. Во септември 2012 година францускиот магазин „Closer“ објавил фотографии од Кејт како се сонча топлес. Таа и нејзиниот сопруг поднеле пријава против магазинот кој бил казнет со парична казна во вредност од 100.000 евра, а сопственикот и уредникот со по 45.000 евра.

Profimedia

Во декември 2012 година два австралиски водители на радиоемисија, Мајкл Кристи и Мел Греиг се јавиле во болницата „Sister Agnes“, каде што војвотката била пациент поради утринските мачнини. Разговарале со сестрата на нејзиниот оддел и ја испрашувале за здравствената состојба на Кејт.

Image result for kate middleton hot profimedia

Јачинита Салдана, сестрата од болницата неколку дена подоцна извршила самоубиство, а странските медиуми со денови пишувале за трагедијата. Водителите на радиоемисијата се извиниле поради нивното однесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот