Кејт Мидлтон испрати прекрасно писмо до шестгодишно девојче кое го покани принцот Џорџ на роденденска забава

Фото: Профимедиа

Кејт Мидлтон ги воодушеви сите со писмото што го испрати до шестгодишното девојче кое го покани деветгодишниот принц Џорџ на својата роденденска забава. Иако војводата и војвотката од Кембриџ, како и остатокот од кралското семејство, секојдневно добиваат огромни количества пораки од обожавателите, Кејт  се погрижила малото девојче, непознато за јавноста, да добие личен одговор од палатата.

А, за таквиот расплет на настанот се огласила мајката на девојчето, која открила дека одговорот на војвотката ќе го чува за спомен, бидејќи тоа е нешто неверојатно, иако пристигнал со неколку месеци задоцнување.


Како што открива „Експрес“, одговорот гласел: „Војводата и војвотката од Кембриџ ме замолија да ти се заблагодарам за писмото со кое го покани принцот Џорџ на твојот шести роденден. Жал ми е што мораше да чекаш толку долго за одговор. Нејзиното кралско височество е исклучително благодарно за твојата прекрасна покана. Откако ги разгледавме сите можности, за жал, со големо жалење морам да кажам дека Нивните кралски височества мора да ја одбијат поканата. Војводата и војвотката од Кембриџ беа крајно трогнати што се потруди да му напишеш на нивниот син, принцот Џорџ. Тоа беше многу внимателно од тебе, па Нивните кралски височества ме замолија да ви ја испратам нивната најтопла благодарност и најдобри желби. Се надевам дека уживавте во вашиот роденден!“

принцеза шарлот
Принцот Џорџ, принцот Луис и принцезата Шарлот / Фото: CHRIS JACKSON / AFP / Profimedia

Со овој потег Кејт Мидлтон уште еднаш ги освои срцата на својот народ, но и на целата јавност, покажувајќи дека е на најдобар пат да стане „народна принцеза“ исто како нејзината покојна свекрва, принцезата Дијана.

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

„Ѝ донесе среќа на репрезентацијата“: Принцот Џорџ во костум ја пееше химната на натпреварот Англија-Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот