Кејт Мидлтон го обожавала Горан Иванишевиќ

Ова лето ќе се одбележат 19 години откако Горан Иванишевиќ сензационално го освои Вимблдон.

Горан Иванишевиќ / 9 јули 2001 / Фото: EPA PHOTO/EPA/GERRY PENNY

Војвотката Кејт Мидлтон тогаш имала 19 години и го обожавала Вимблдон, а го обожавала и Горан Иванишевиќ. Хрватскиот тенисер е единствената личност која ја има освоено титулата на Вимблдон со вајлд карта од страна на организаторот. 

Горан Иванишевиќ / 9 јули 2001 / Фото: EPA/ANJA NIEDRINGHAUS

„Отсекогаш следев тенис, а посебно Вимблдон. Англиското лето е незамисливо без тоа натпреварување и тоа отсекогаш беше дел од моето раснење. Го обожавав Горан Иванишевиќ, бев фасцинирана од него, како и од Пит Сампрас, Андре Агаси и Штефи Граф“, рече Кејт на снимањето на документарецот на BBC за Вимблдон.

 9 јули 2001 / Фото: EPA PHOTO EPA/GERRY PENNY

Иако сега секоја година седи во главната ложа на натпреварите на Вимблдон, за разлика од сегашноста, во тоа време таа била „само обичен граѓанин на Англија“ и не можела да оди на натпревари кога ќе посака.

Кралскиот пар ужива на Вимблдон / Фото: EPA/ANDY RAIN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот