Кејт Мидлтон ѝ подаде рака за помирување на Меган Маркл по спонтаниот абортус

Profimedia
Фото: Profimedia
Спонтаниот абортус кој летоска го доживеала Меган Маркл, повторно ги зближи јатрвите… Меган Маркл (39) неодамна ја шокираше јавноста признавајќи дека во јули оваа година доживеала спонтан абортус. За нарушениот однос на војвотката од Сасекс со јатрвата Кејт Мидлтон долго се зборуваше во медиумите, но сега магазинот „New Idea“ пишува дека тие две се смириле. Имено, кога дознала за спонтаниот абортус, Кејт ја контактирала Меган и ѝ изразила жалење, притоа говорејќи и дека таа и принцот Вилијам едвај чекаат да ги посетат во Америка, веднаш откако ситуацијата со пандемијата на коронавирусот ќе се смири.
Profimedia
Извор близок на Меган потврди дека Кејт со тој повик го направила првиот чекор кон помирувањето. Имено, брачните парови од кралското семејство не се сретнале од март оваа година, кога Меган и Хари ги напуштија кралските должности и се преселија во Америка, поради што владееше голема напнатост во односот.
profimedia
Браќата Хари и Вилијам веќе долго време се во кавга, а Меган, според пишувањето на медиумите и тврдењето на бројни извори блиски до семејството, се чувствувала неприфатено од војводата и војвотката од Кембриџ, како и од целото кралско семејство. Топлиот и сочувствителен потег на Кејт во вака тежок момент ја изненадил и допрел Меган.
ЕПА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот