Кејт Бекинсејл не ја видела својата ќерка две години поради коронавирусот: Фала му на Бога за видео повиците

Кејт Бекинсејл
Фото: Profimedia

Пандемијата ги погоди сите, вклучително и славните. Овој викенд, актерката Кејт Бекинсејл откри дека поради различни ограничувања, не ја видела својата ќерка во живо цели две години.

Актерката викендов ја пречека својата 22-годишна ќерка Лили Шин, која ја доби со поранешниот сопруг Мајкл Шин, на аеродромот во Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by lily sheen (@lily_sheen)


„Фала му на Бога за видео повиците. Ќерка ми ја немам видено две години“, изјавила актерката.

Иако ова беше прв состанок по две години, мајката и ќерката не покажале многу емоции во јавност.

„Мислам дека е лудо да не го гледаш своето дете две години“, истакнала Кејт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот