Аптон конечно се огласи во интервјуто за списанието „Едиторијалист“ објаснувајќи дека поминувала низ тежок период од мајчинството со голем притисок да ги намали килограмите.
Раскошната моделка со женски облини, Кејт Аптон, ѕвездата на престижното списание „Спортс Илустрејтид“ стана мајка во 2018 година. Оттогаш, започнаа притисоците од страна на нејзините фанови, но и на модните агенти, што поскоро да се врати во топ форма.
Аптон конечно се огласи во интервјуто за списанието „Едиторијалист“ објаснувајќи дека поминувала низ тежок период од мајчинството со голем притисок да ги намали килограмите. Поради ова и поради доењето кое, како што вели, „ја цицало нејзината енергија“, моделката се чувствувала многу уморна.
Аптон се обидела непосредно по породувањето да се врати во фитнес салата и што побргу да се ослободи од наталожените килограми за време на бременоста.
-Подоцна, сфатив дека се смешни ваквите притисоци и најпосле се опуштив, одлучив да уживам во моментите во новата улога на мајка. Мојата енергија беше исцрпена, но моето срце беше полно, решив да не дозволам мислењата и очекувањата на другите да се мешаат во мојата лична хронологија, нагласува Аптон.
Убавицата ги посоветува новите мајки да не брзаат со диетите и изгладнувањата, туку да му дадат време на сопственото тело да закрепне, и да уживаат во моментите со нивното бебе.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Лејла Рамковска, долгогодишна инструкторка по јога, веќе подолго време е во љубов со музичарот Роберт Билбилов. Нивната љубовна врска почнала по долгогодишно пријателство и не е тајна дека се среќни. Во интервјуто за „Слободен печат“ со Лејла зборувавме за љубовта, јогата, мајчинство, музиката… Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Веќе подолго време со Роберт …
Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во новото издание на подкастот „Политиканти“ се занимаваат со неколку меѓусебно поврзани политичко-економски теми, каде редовен зачин е актуелната кампања за претседателските и парламентарните избори, која е толку бесмислена што ако не е човек новинар би немало причина зошто да ја следи, а сите други би биле пресреќи ако изборите …