Кејн помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед!?

twitter.com/News2019Thfc

Со оглед на тоа што нема ништо „големо“ постигнато со Тотенхем, еден од најдобрите светски напаѓачи е пред нов голем трансфер.

Како што пренесува „Бличер рипорт“, досегашниот член на Тотенхем би можел да настапува во уште поголем клуб.

Повторно се шпекулира дека Хари Кејн се поврзува со екипите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, а според изворот фудбалерот повеќе сака да биде во дресот на „црвените ѓаволи“.

Огромна желба за обезбедување на потписот постои и кај „кралската“ екипа, но англискиот репрезентативец претпочита да се пресели на „Олд Трафорд“.

Кејн е еден од најдобрите светски напаѓачи, но со Тотенхем нема ништо „големо“ постигнато, по еднаш финалист во Лига купот (2015 година) и лани во Лигата на шампионите.

Моментно Јунајтед е најблиску до услугите на играчот, но нема да се предаде и тренерот Зинедин Зидан.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер е пред голем предизвик за следната премиерлигашка сезона, свесен дека тимот мора да има подобри резултати, планира големи промени во составот во наредните месеци, со ангажирање на квалитетни играчи.

Реал Мадрид исто така бара напаѓач, а Кејн беше еден од играчите на списокот за летна селекција. Па, останува да се види кој ќе биде изборот на Англичанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот