Кејн не дојде на тренингот на Тотенхем, Манчестер го чека со раширени раце

Одличниот англиски репрезентативен напаѓач останува верен на Тотенхем/Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Англискиот напаѓач Хари Кејн е блиску до заминување од Тотенхем и најверојатно ќе се пресели во редовите на Манчестер сити.

Според некои англиски медиуми, Кејн требаше да се појави на тренингот на тимот од Лондон во понеделникот, но само за да се збогува со играчите и стручниот штаб. Ниту тоа не се случи, па сигурно е дека ќе го напушти Тотенхем.

Луѓето од клубот, како и новиот менаџер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто, ги демантираат медиумите и велат дека Кејн ќе го предводи нападот следната сезона, во уште еден обид да дојде до трофеј по 2008 година. Тогаш го освоија Лига купот на Англија.

Но, заминувањето на англискиот репрезентативец станува сè поизвесно. Најголем интерес за Англичанецот покажува Сити кој според некои информации е подготвен да плати 150 милиони фунти за услугите на голгетерот.

По заминувањето на Серхио Агуеро во Барселона, „граѓаните“ сакаат нов квалитетен напаѓач, првиот избор секако е Кејн, а освен него, на таа позиција досега не се шпекулираат други имиња.

Покрај Кејн, Пеп Гвардиола има желба да ангажира уште еден репрезентативец на Англија, Џек Грилиш, за кого исто така планираат да издвојат голема сума пари (околу 100 милиони фунти).

Видео на денот