Кејн му се закани на Тотенхем: Тука се е погрешно, верувајте дека ќе си заминам

twitter/UEFA2020

Англискиот репрезентативец и член на Тотенхем, Хари Кејн, во разговор со медиумите се закани со заминување од премиерлигашот.

Кејн е фрустриран што со Тотенхем не може да освои трофеј и сериозно размислува да ја напушти екипата доколку управата не го одврзе кесето и донесе екстра квалитетни засилувања.

Секогаш ќе зборувам дека го сакам Тотенхем, но исто така секогаш ќе признавам дека како екипа не напредуваме и одиме во погрешна насока. Доколку остане вака, верувајте дека си заминувам. Имам амбиции да освојувам трофеи. Одлуката дали ќе останам или ќе си заминам не е лесна да се донесе, но постојат работи кои исто така ќе влијаат на одлуката – рече Кејн.

Како главни фаворити за потпис со англискиот репрезентативец доколку одлучи да ја напушти Премиер лигата се споменуваат Реал Мадрид и Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот