Кејн: Манчестер јунајтед е голем клуб, но се радувам што го избрав Баерн

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Англискиот репрезентативец Хари Кејн призна дека водел преговори и со раководството на Манчестер јунајтед во текот на летниот преоден рок.

Сепак, поранешниот фудбалер на Тотенхем сподели дека е среќен поради фактот што избрал да се пресели во германскиот шампион Баерн Минхен.

– Ако треба да бидам искрен, во текот на летото имаше преговори со неколку клубови, но во интерес на вистината Баерн беше клубот за кој секогаш бев заинтересиран. Манчестер Јунајтед е голем клуб, навистина голем клуб, но на крајот решив да дојдам овде и многу сум среќен – рече Кејн.

Конечно во својата професионална кариера искусниот 30-годишен напаѓач има шанса да се бори за големи трофеи.

Тој е еден од најдобрите светски напаѓачи, со Тотенхем успеа еднаш да стигне до финалето во Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019, а и двапати беше финалист со истиот клуб во англискиот Лига куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот