Кејн е подготвен да влезе во „војна“ со Тотенхем само за да се пресели во Сити

Од Хари Кејн повторно се очекува да ги тресе мрежите/Фото: EPA-EFE/Andrew Couldridge

Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн би можел да одбие да ги започне подгототовките со Тотенхем за новата сезона, доколку не постигне договор со претседателот Даниел Леви.
Новинарот на британски „Телеграф“, Мет Лоу денеска открива дека соиграчиите во англиската репрезентација се сомневаат дека Кејн ќе одбие да ги започне подготовките за новата сезона доколку Тотенхем одбие да го продаде на Манчестер сити.

Кејн смета дека Леви мора да ја прифати понудата од 100 милиони фунти и да му дозволи да се пресели во Манчестер сити каде би бил во позиција за освојува трофеи, нешто што не може да го направи во Тотенхем. Доколку не се случи тоа, одличниот напаѓач би можел да го примени рецептот на Гарет Бејл кој во 2013 година со одбивањето да и се приклучи на екипата, го натера Леви да ја прифати понудата на Реал Мадрид.

Новиот менаџер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто на вчерашната прес конференцијата истакна дека смета на услугите на Хари Кејн и со нетрпение го очекува на подготовките.
– Хари е наш играч и точка. Нема потреба да зборуваме за нештп друго. Сега е време да ја поврати енергијата, да се одмори. Кога ќе се врати во тимот, ќе разговараме. Веќе имавме еден разговор, но сега е време да се одмори. Оптимист сум и едвај чекам Хари да ни се приклучи и да работиме заедно – изјави Еспирито Санто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот