Кејн би можел во Реал или Барса, не во Јунајтед (ВИДЕО)

твитер

Според Хари Реднап најдобро е за Хари Кејн да ги гледа понудите кои доаѓаат од најголемите шпански фудбалски гиганти.

Екс менаџерот на Тотенхем е против идејата англискиот репрезентативец да ја продолжи кариерата во редовите на Манчестер јунајтед.

Според Хари Реднап најдобро е за Хари Кејн да ги гледа понудите кои доаѓаат од најголемите шпански фудбалски гиганти.

– Тој не е Меси или Роналдо, но моментно нема подобар централен напаѓач во светот од Кејн. Би бил одличен за Манчестер јунајтед, како и секој друг друг, но според мене „црвените ѓаволи” сега не се подобри од Тотенхем.

Мислам дека Кејн треба да ги разгледа предлозите на Реал Мадрид или Барселона, доколку пристигнат во вистински момент – се зборовите на Реднап.

Кејн имаше 17 голови и две асистенции во 25 натпревари за Тотенхем до прекинот на сезоната.

Има договор со премиерлигашот до 30 јуни 2024 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 120 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот