Кејн: Ајде да испишеме историја – 90 минути, пенали, што и да е потребно

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Фудбалерите на Англија после пресврт ја совладаа Холандија (2:1), а во финалето на Европското првенство в недела од 21.00 часот ќе играат против Шпанија.

Херој против „лалињата“ беше Оли Воткинс, кој погоди во судиското надополнување, 10 минути откако го замени  Хари Кејн.

– Испишавме историја. Неверојатно достигнување, горд сум, беше тежок турнир. Преостана уште еден натпревар во недела. Оли чекаше, беше трпелив, каков финиш. Мислам дека бевме подобриот тим, особено во првото полувреме. Заслуживме да победиме, јас бев среќен што излеговме, а потоа постигнавме гол – рече Кејн.

Англиската репрезентација ќе се обиде да дојде до својот прв трофеј на ЕУРО.

– Имаме уште еден натпревар за да испишеме историја, 90 минути, пенали, што и да е потребно – се зборовите на Кејн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот