Кејлор Навас се збогуваше со „кралевите“! (ФОТО)

twitter.com/atalantanews

Реал Мадрид може да бара нов голман, Кејлор Навас веќе ги информираше Зидан и соиграчите дека си заминување од клубот после пет години соработка.

Неколку француски и шпански медиуми пренесуваат дека чуварот на мрежата летово ќе направи трансфер во редовите на ПСЖ и се очекува в четврток да слета во Париз.

Џанлуиџи Буфон ова лето ги напушти редовите на францускиот шампион, а судбината на Алфонс Ареола и натаму е неизвесна па во овој клуб се одлучија да бараат нов голман.

Одлуката падна на Навас иако изминатите неколку месеци и голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Геа се поврзуваше со „светците“. Навас во 2014 година дојде од Леванте во Реал Мадрид за 10 милиони евра и оттогаш запиша 162 натпревари за „кралскиот“ клуб.

Пред неколку дена се појави информација дека тренерот Зидан размислува за доведување на замена за Костариканецот доколку го напушти клубот, а се шпекулираат имињата на Пепе Реина и Маартен Стекеленбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот