Ќе ви се заврти во глава кога ќе видите колку пари заработува Цеца годишно од Јутјуб! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Цеца Ражнатовиќ на Јутјуб годишно заработува 150.000 евра! Фолк-ѕвездата стана рекордерка во регионот – таа е првата пејачка која на тој видеосервис има милион следбеници, а нејзините снимки вкупно имаат дури милијарда и пол-прегледи!

Токму поради тој рекорд Цеца Ражнатовиќ и во доба на коронавирусот заработува добро.

 

View this post on Instagram

 

Obožavam kada sam turista! ? ??

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

– Цеца го отвори својот канал на Јутјуб во 2012 година и на него ги постави сите спотови, но и разни интервјуа, дури и снимката од својата свадба со Жељко Ражнатовиќ Аркан. Сите тие снимки имаат милионски прегледи, а најпопуларна песна ѝ е ‘Трепни’ од 2016 година, која има дури 68 милиони прегледи – за српски „Информер“ раскажува извор близок на пејачката, и додава:

– Цеца нема потпишано договор со ниедна продукција, за разлика од поголемиот број нејзини колеги, па со никого не мора да го дели приходот. Јутјуб на неспонзорираните канали, каков што е нејзиниот, заработката им ја исплатува на крајот на годината. Така Цеца последниве три години заработуваше околу 100.000 евра годишно, а последниот пат на сметката ѝ беа уплатени повеќе од 150.000 евра. Снимките на Цеца се хит низ целиот свет, секаде каде што живеат наши луѓе. Неодамна прослави милион следбеници на Јутјуб, а нејзините снимки до вчера имаа 1.527.018.232 прегледи – раскажува пријателот на Цеца.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот